(Видео) Ибрахимовиќ го откачи шведскиот селектор за мундијалот

Познатиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ ги шокира своите фанови во новата реклама за паметните часовници на „Самсунг“.

Од рекламата што ја објави на своите социјални мрежи може да се заклучи дека Златан не сака да оди во Русија.

Селекторот Јане Андерсон не го планира за мундијалот во Русија, но тој пред неколку дена обелодени дека сака да биде дел од шведската репрезентација.

„Ја заврши репрезентативната кариера по европското првенство со почитување на ваквата одлука. Ако така одлучил, мислам дека не треба да се врати. Не ме ни повика, но секако не е во моите планови за мундијалот“, изјавил Андерсон.

Сепак, на рекламата е сосема поинаку. Селекторот го повикал преку паметниот часовник, а Златан замижал и нурнал во водата. Дали е тоа само некој вид добра реклама или Златан нешто порачува набргу ќе се дознае.

 

 

Scroll to Top