(Видео) Илон Маск танцувајќи ја отвори првата гигафабрика на „Тесла“ во Германија

Бизнисменот Илон Маск вчера со танц ја отвори својата прва гигафабрика во Берлин со која планира да продава автомобили „тесла“ во Европа. Фабриката од пет милијарди евра, која, меѓу другото, е најголемата инвестиција во германска фабрика за автомобили во поновата историја, доцнеше осум месеци со отворање поради лиценци и скандали со вода, екологија и сечење дрвjа.

Директорот на „Tесла“, Маск, танцуваше (шизеше) за време на најавата за испорака на првите автомобили на „Тесла“ со германско производство за 30 клиенти и нивните семејства во фабриката на прозводителот на автомобилот, па веднаш се најде во фокусот на вниманието на светските медиуми.

„Ова е прекрасен ден за ‘Tесла’“, изјави Маск. Тој рече дека ова е уште еден чекор во насока на одржлива иднина, пренесува „Ројтерс“.

Ова не е првпат Маск да ги покаже своите танцови способности, тој слично постапи и при отворањето на фабриката во Шангај во 2020 година.

Инаку, во полн капацитет фабриката би требало да произведува по 500.000 автомобили годишно, значително повеќе од „Фолксваген“, кој лани во светот продаде 450.000 електрични возила на батерија.

Scroll to Top