(Видео) Изгоре домот на Расел Кроу

Холивудскиот глумец Расел Кроу на „Твитер“ откри дека неговиот дом во Австралија изгорел во пожарите што се активни веќе неколку дена. Тој сподели фотографии од пожарот и видео како хелихоптер го гаси огнот од неговиот дом.

„Јас не сум во Австралија. Моето семејство е безбедно, згрижени се кај пријатели. Огнот го погоди мојот дом вчера. Сочувствувам со сите што се соочија со истиот проблем“, напиша глумецот.

Во неколку дела на Австралија од неодамна има големи пожари и издаден е повик за евакуација на населението. Дел од пожарите ги подметнале деца, пишуваат австралиските медиуми.

 

Scroll to Top