Актерот Харисон Форд (80) беше во Кан на премиерата на новиот филм за Индијана Џонс, а потоа имаше прес-конференција на која одговараше на новинарски прашања. Една од новинарките рече дека е многу згоден и го праша како му успева да биде во топ форма и во деветата деценија.
„Многу си згоден и сите се воодушевивме кога ја соблече кошулата во една сцените од филмот. Сè уште го имате тоа во себе“, му рече таа и го праша како успева и дали може уште да јава на коњ.
A reporter at #Cannes told Harrison Ford: “I think you’re still very hot.”
Ford replied: “Look, I’ve been blessed with this body. Thanks for noticing!”https://t.co/c6p4UXtM4X #Cannes #IndianaJones pic.twitter.com/yuUfSQblOq
— Variety (@Variety) May 19, 2023
Харисон прво засрамен правеше смешни гримаси, па одговори дека може да јава, но само ако му дозволат.
„Благословен сум во ова тело. Ви благодарам што забележавте“, ѝ одговори Форд.
Инаку, холивудската актерска двојка Харисон Форд и Калиста Флокхарт по долго време заедно прошетаа на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, каде легендарниот актер доби Златна палма, највисоката награда на фестивалот, за животно дело во филмската индустрија.
Додека пред филмот беа прикажани најпознатите моменти од неговата речиси педесетгодишна кариера, тој се расплака, пренесе Hollywood Reporter.
Ова е последен пат за Форд да го игра Индијана Џонс, еден од неговите најпознати ликови. Првиот филм за Индијана Џонс беше објавен во 1981 година, а ова е неговиот петти дел.