(Видео) Канје Вест се запали на сцена, а Ким Кардашијан со која се разведе му дојде во венчаница среде концертот

Познатиот рапер Канје Вест неколкупати го промовираше својот најнов албум Donda преку низа забави и концертни настапи.

На последниот концерт, тој ја изненади публиката откако се запали на сцената додека ја пееше финалната песна No Child Left Behind, а потоа на сцената му се придружи и неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан облечена во бела „Баленсијага“ венчаница, со вел преку лицето. Кога таа стигна до него, светлата се исклучија.

Фановите по ова шпекулираат дека тие се повторно заедно, па дури и дека се венчале среде сцена. Двојката ја почна постапката за развод во февруари годинава.

Тие беа во брак 6 години и имаат четири деца. По разводот останаа во добри односи за заедно ги растат децата, а продолжија и меѓусебно да се поддржуваат.

Претходно Канје го поврзуваа со руската манекенка Ирина Шајк, со која раскина по два месеца врска.

Scroll to Top