(Видео) Карди Би со микрофон удри обожавател на настап во Лондон

Раперката Карди Би со микрофон удри обожавател на настап во Лондон. На видеото објавено на Тик Ток се гледа како раперката е во близина на публиката додека рапува, а обезбедувањето ја држи за рамена додека раперката се обидува да се поврзе со публиката.

Одеднаш Карди Би го подава микрофонот кон публиката да ги довршат стиховите, кога еден од нејзините фанови се доближува поблиску до неа.

На снимката се гледа како Карди нагло го прекинува својот настап, го крева микрофонот и замавнува кон еден од фановите. Публиката на ова реагираше со овации за раперката.

https://www.youtube.com/watch?v=gtJYIA373HU

Scroll to Top