(Видео) Кејти Пери пред породување откачи со шега на своја сметка

Пејачката Кејти Пери е во последната фаза од бременоста, а на нејзиниот инстаграм-профил се шегува на своја сметка. 35-годишната пејачка деновиве треба да ја роди својата прва ќерка и прави сè за да биде што поподготвена за породувањето.

На Инстаграм со фановите сподели фотографија на која лежи во фотелја по враќањето од продавница.

„Доста ми е“, напиша Кејти во опис на фотографијата и ги насмеа фановите.

И нејзиниот партнер глумецот Орландо Блум сподели  видео. На видеото Кејти танцува покрај автомобилот, а во еден момент дури и симулира породилни болки.

 

[/video]
Scroll to Top