Норт Вест, ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест, пее и танцува како нејзиниот татко. На видеото што се споделува на социјалните мрежи Норт рапува пред нејзините соученици, а Канје делува воодушевен од својата 6-годишна ќерка и ѝ дава совети од страна.
За Норт велат дека е наследничка на Ким, бидејќи постојано се дотерува и шминка, но овој пат изненади со талентот за музика.