(Видео) Кетрин Зета Џонс се повреди додека ја украсуваше елката

By

Холивудската глумица Кетрин Зета Џонс се повреди додека ја украсуваше новогодишната елка. Еден од украсите ѝ паднал на ногата, па Кетрин објасни дека морала да лежи до крајот на денот.

Глумицата се забавуваше додека ја уредуваше својата куќа за божините празници. По несреќата, таа вели дека морала целиот ден да ја одмора ногата во мраз. Кетрин сподели и видео објаснувајќи им на своите обожаватели што се случило.

Додека ги поставувала божикните украси, железна шипка ѝ паднала на стапалото. Кетрин вели дека болката била толку силна, дури и поболна од денот кога се породувала. Глумицата добила голем број пораки од фановите во кои ѝ посакаа брзо закрепнување.

„Се надевам дека набргу ќе ти биде подобро. Јас имав слично искуство додека ги пакував божикните подароци. Го скршив глуждот и морав да лежам 8 недели“, биле само некои од коментарите што ги добила глумицата од своите фанови.

Кетрин потоа објави и видео во кое покажа како го украсила својот дом за Божик. Таа вели дека планира празниците да ги помине заедно во семејниот дом во Ирвингтон со својот сопруг Мајкл Даглас и децата – 20-годишниот Дилан и 17-годишната Карис.

 

Ќе ви се допадне

WCOStream: Pokemon the Movie: Black - Victini and Reshiram anime episode Full online free at https://wcostream.cc paw patrol wcostream

Website https://animeflv.uk: Watch Idol Memories animeflv Episode 12 anime websites

Animepahe: Digimon Tamers (Dub) anime episode 51 online free at https://animepahe.cc online anime

Watch anime online for free at AniWatch watch anime dub

Lawrence: http://www.lawrence.com/users/animefreakws/

Player: https://player.me/animefreakws/about