(Видео) Лејди Гага во неколку ексцентрични костими имаше концерт за паметење во Лос Анџелес пред 52.000 луѓе

Поп-пејачката Лејди Гага подготви вечер за паметење на концерт во Лос Анџелес во рамките на светската турнеја The Chromatica Ball.

36-годишната поп-икона направила вистински спектакл кога за време на својот настап сменила неколку ексцентрични костими.

Оригиналноста и креативноста од секој аспект отсекогаш го краселе нејзиниот уметнички израз, но овој пат модните критичари велат дека таа ги поместила своите граници.

На социјалната мрежа Твитер се појавија фотографии и видеа, а обожавателите на Гага коментрираа, „Ти си легенда“, „Концерт за паметење“, „Најдобрата пејачка на денешницата – и убава и талентирана“, беа само дел од коментарите.

Scroll to Top