(Видео) Лени Кравиц ги расположи скопјани оти не глуми ѕвезда

Вечерва е концертот на Лени Кравиц, во ВИП-арената „Борис Трајковски“. Тој веќе два дена е во Скопје и буквално ужива во градот. Секојдневните прошетки и непосредноста на Лани е она што ги импресионира минувачите и скопјани кога случајно ќе го сретнат низ градот. 54-годишниот музичар сподели видео од моментите кога ги разгледуваше Старата чаршија и плоштадот Македонија во Скопје и се поздравуваше и фотографираше со случајните минувачи.

„Скопје, Македонија. Стара чаршија. Најпрекрасниот ден во кој среќавав убави луѓе“ – напиша тој.

Scroll to Top