(Видео) Љубовницата на Путин роди близнаци

Поранешната руска гимнастичарка Алина Кабајева, за која се зборува дека е во долгогодишна врска со рускиот претседател Владимир Путин, наводно неодамна родила близнаци, пишуваат руските медиуми, а пренесува „Дејли Мејл“.

Кабајева досега не се има огласено по повод ова прашање пред медиумите, а Кремљ никогаш не давал изјави за приватниот живот на рускиот претседател. Извори блиски до Кабајева изјавиле дека не сакаат да ги коментираат гласините.

Според пишувањата на руските медиуми, целиот кат во Истражувачкиот центар за акушерство, гинекологија и перинатологија, претходно месецов бил специјално уреден за поранешната гимнастичарка и пратеничка во партијата на Путин.

Еден од повлијателните весници во Москва, на својот портал ја објавил оваа приказна која по кратко време изненадувачки ја избришал. Сергеј Канев истражувачки новинар кој е близок до руските известувачки служби, вели дека Кабајева родила близнаци.

Канев вели дека биле ангажирани голем број на офицери од службите за безбедност, кои го прегеледале целиот кат од породилиштето, пред пристигнувањето на Кабајева.

„Половина од медицинскиот персонал е исфрлен од ова одделение“, изјавил Канев, повикувајќи се на сопствен извор.

Познат лекар од Италија бил тој кој помогнал при породувањето, со асистенција на познат академик и директор на медицинскиот центар.

„Алина роди две момчиња и мораше да направиме царски рез“, изјавил лекарот.

Наводно раѓањето на близнаците не се споменува во медиумите кои ги води Кабајева, а која сега е директорка на Национална медиумска групација.

Приказната првично била откриена на сајтот Dom2Life кој го контролира тајкунот Александар Карманов. Веста е објавена на 12 мај, на роденденот на Кабајева. Интригирачки е тоа што Карманов е близок со олигархот Аркадија Ротенбург, еден од најстарите пријатели на Путин.

Извештајот за раѓањето на близнаците е само една во низата приказни за Алина, која во последните неколку месеци се појавува во руските медиуми. Еден медиумски аналитичар вели дека му се чини дека против Кабајева се води кампања, но не му е јасно кој стои зад истата.

Една од теориите е дека приказните потекнуваат од Украина, земја која со Русија не е во добри односи од 2014 година. И покрај приказните дека Кабајева е првата тајна дама на Русија и дека наводно е во врска со Путин, таа веќе повеќе години, ретко кога се појавува во јавноста.

Последен пат е видена во октомври минатата година, кога ја бранела докторската теза за обучување на деца од претшколска возраст на ритмичка гимнастика. Последните години Кабајева повеќе пати демантирала дека има деца, но тоа не ги прекинало трачевите дека таа со Путин има тајно семејство.

Некои медиуми пренесуваат дека Кабајева наводно во јануари оваа година заминала во Швајцарија, а дека со неа било и тригодишно момче, кое наводно бил син на Путин, а кој Кабајева го родила во клиника во Швајцарија.

 

Scroll to Top