(Видео) Лундгрен речиси ме уби во рингот – по 30 години, Сталоне зборуваше за епската борба во филмот „Роки“

Холивудскиот глумец Силвестер Сталоне по 30 години зборуваше за снимањето на култниот филм „Роки“. Тој сними видео и рече дека неговиот колега Долф Лундгрен му задал силни удари, па малку фалело да го убие. Видеото го нарече The Making of Rocky vs. Drago by Sylvester Stallone.

„Прво што снимивме беше моето и неговото влегување во рингот и најавата, а потоа започна тепачката. За време на снимањето добив сериозни повреди. Екипата мораше итно да интервенира и од Канада ме однесоа во одделот за болница во Калифорнија“, рече Сталоне и во продолжение зборуваше за драматичните спортски сцени во рингот.

Тој рече дека примил силен удар во градите, нешто што може да се види и во оригиналниот филм.

„Тој ме скрши. Не можев да чувствувам ништо во тој момент. Срцето почна да ми трепери истата вечер. Крвниот притисок ми се зголеми на 260 и требаше наскоро да зборувам со анѓелите. Следно на што се сеќавам беше летот на мала височина. Завршив на интезивна нега опкружен со калуѓерки, а одма потоа морав назад за да ја довршам борбата“, рече Сталоне.

Двајцата беа соперници во четвртиот серијал на „Роки“, кој првпат беше прикажан во 1985 година. За да ја прослават годишнината од филмот, режисерската верзија на „Роки 4“ ќе биде пуштена во кината денес на 11 ноември.

Scroll to Top