(Видео) Мајкл Бубле и Лусиана Лопилато чекаат четврто дете, пејачот во новиот спот откри дека глумицата е бремена

Аргентинската актерка Луисана Лопилато и канадскиот пејач Мајкл Бубле чекаат четврто дете. Веста дека актерката е бремена, Бубле ја откри во сцена од неговиот нов спот во кој се појавуваат и нивните три деца Ноа, Елијас и Вида. Спотот за песната I’ll Never Not Love You ќе има премиера денес.

Мајкл и Луисана, која се прослави како Миа Колучи во хит тинејџерската серија „Млади бунтовници“, се верија во 2009 година, а се венчаа две години подоцна. Во 2016 година на нивниот најстар син Ноа, му беше дијагностициран рак на црниот дроб, но е во ремисија од 2017 година.

Мајкл потоа во интервју изјави дека живеат многу поинаку по битката со ракот на нивниот син: „Не посакувам таква болка на ниту едно човечко суштество, навистина почувствував страв и загуба, тоа ви овозможува да живеете подлабок живот“.

Scroll to Top