Легендарниот НБА-кошаркар Мајкл Џордан за време на комеморацијата за Коби Брајант низ солзи раскажа за пријателството што го имал со популарниот „Мамба“.
Тој во преполниот „Стејплс центар“ во Лос Анџелес, во емотивен говор, раскажа за нивните заеднички дружби. Џордан го нарече Коби негов помлад брат.
„Кога Коби почина, со него умре и дел од мене“, изјави Мајкл Џордан.
“When Kobe Bryant died, a piece of me died.”
—Michael Jordan during Kobe and Gianna’s Celebration of Life pic.twitter.com/U2Lyj8AyUZ
— ESPN (@espn) February 24, 2020