(Видео) Мајкл Џордан не може да ја продаде куќата во Чикаго

Легендарниот НБА кошаркар Мајк Џоран не може да најде купец за својата куќа во Чикаго. Тој досега морал четири пати ја спушти цената, но никој не пројавил интерес. Експертите велат дека покрај тоа што цената е превиска, имотот на кошаркарската ѕвезда е премногу персонализиран со работи кои им пречат на потенцијалните клиенти.

„Од старт се гледа дека тоа е негов дом. Ваков имот е тешко да се продаде. Треба целосно да се реновира, за новиот сопственик го направи по мерак“, изјавил Брус Боверс, лице од Агенција за трговски недвижности.

Бројот 23, кој Џордан го носеше на дресот во „Чикаго Булс“, го вградил на влезните врати, а имотот е преполн и со терени за кошарка. Аналитичарите сметаат дека овие работи се одбивни за купците.

Имотот на Џордан е 56.000 квадратни метри. Тој пред седум години се обидел да ја продаде куќата за 27 милиони евра, а сега ја има спуштено на само 13 милиони долари.

 

Scroll to Top