(Видео) Мајкл Џордан ѝ се врати на кошарката по убиството на татко му

By

Изминатата ноќ беше емитувана седмата и осмата епизода од популарниот серијал „Последниот танц“, документарец посветен на последната сезона на Мајкл Џордан. Во неа „Летечкиот Мајк“ открива како по убиството на неговиот татко, тој повторно одлучива да ѝ се врати на кошарката.

Во 1993-та година таткото на Мајкл Џордан бил убиен во Северна Каролина додека спиел во својот автомобил покрај патот. Џордан свикал конференција во Јунајтед центарот, каде успеал да собере голем број на луѓе, и соопштил дека се повлекува од кошарката. Тој им објаснил дека ќе му недостасува желбата за натпревар.

По изглданата епизода се огласи и НБА ѕвездата Леброн Џејмс, кој на својот „Твитер“ напишал дека плачел тој ден кога Џордан го објавил крајот на кариерата.

„Плачев тој ден. Имав девет години и не можев да верувам“, напишал Џејмс на „Твитер“, а покрај него со слични реакции се јавиле и бројни денешни НБА играчи.

Две години подоцна „летечкиот Мајк“ одлучил да се врати на тоа што најдобро го знае. За тоа заслужен бил и тогашниот играч на Чикаго, Би Џеј Армстронг.
Во новата епизода е откриено како двајцата се нашле на појадок, и додека јаделе палачинки Армстронг го повикал поранешниот соиграч да ја посети екипата на тренинг.
Џордан отишол на еден тренинг, па на уште еден, а наскоро ѝ се вратил на старата љубов, со тоа што сега на грбот го носел бројот 45 наместо 23, кој Чикаго го повлекоа од употреба кога славниот ас прв пат се прости од кошарката
„Никогаш не размислував дека јас сум тој кој го врати Џордан во игра. Само сакав да бидам добар пријател и видов нешто во него. Џордан не ја сакаше кошарката. Тој ја обожаваше. Тој беше таков тип. Јас сакав да бидам само негов пријател“, изјавил Армстронг за „АП“, по емитувањето на епизодата.
Во последната епизода, Мајкл Џордан и заплака додека го снимаа за најновиот документарец „Последниот танц“. Џордан не успеа да ги задржи солзите и побара од снимателите да прекинат да го снимаат и да ги исклучат камерите. Призна дека кога би можел да се врати во минатото, би ја избегнал улогата да имбиде идол на младите.

Џордан вели дека таквата улога му вршела оргомен притисок и го оптеретувала. Некогашниот суперстар на Чикаго, во својата исповед, вели дека не се гордее ниту со начинот на кој тој се однесувал кон неговите соиграчи за време на тренинзите и натпреварите.

Тој вели дека сега ретко се наоѓа човек кој има убаво мислење за него, на приватен план. Џордан вели дека додека танцувал на кошаркарските паркети ширум САД, во НБА лигата, тој често ги провоцирал своите соиграчи и противници. Надвор од теренот бил сјаен човек, духовит и срдечен, а трансформацијата ја доживеал во салите.

Таму ги малтретирал и омаловажувал своите соиграчи. Често се обидувал да ги испровоцира со намерни фаули, потценувајќи го нивниот однос, а на крајот ги пцуел. Џордан вели дека бил таков затоа што, ретко кој од нив, можел да го следи неговиот спортски менталитет.

Мајкл забележал дека некои од неговите соиграчи немаат доволно агресија и желба да бидат шампиони, а тоа никако не се вклопувало во неговата визија. Џордан успеал да испровоцира тепачка со Хорас Грант, Стив Кер, Џад Бачлер. Сепак, сега Џордан, длабоко во душата пати затоа што многумина го сметале за неподнослив кретен.

„Кога луѓето ќе го видат ова, сите ќе кажат: ‘Тој не беше добар тип, беше вистински тиранин’. Но, тоа сте вие. Вие немате освоено ништо. Јас од друга страна, бев тип кој сака да победува, а сакав да победуваат и моите соиграчи, да бидат дел од тоа“, вели Џордан.

„Не требаше да го правам тоа. Го правев затоа што сум таков. Таков сум и на тој начин играв. Тоа беше мојот менталитет, ако не сакаш така да играш, тогаш немој“, изјавил Џордан со солзи во очите, по што побарал снимањето да биде прекинато.

Еден од неговите соиграчи од славните денови Би Џеј Армстронг, признава дека Мајкл понекогаш знаел да биде неподнослив.

„Се обидувам да најдам некој убав збор за неговото однесување на теренот и тренинзите. Но, никако да ми текне на нешто такво. Беше сосема поинаков надвор од терените. На паркетите се однесуваше како кретен. Но, подоцна свативме дека Мајкл сакаше да предизвика реакција, се сеќавам кога ќе ни кажеше дека ако не можеме да се носиме со него, тогаш како мислиме да го издржиме притисокот во финалето? Мислам дека успеа во тоа. Сега кога ќе се вратам наназад, си помислувам дека тоа упалуваше“, објаснува некогашниот играч на Чикаго.

Документарниот серијал „Последниот танц“, за Мајкл Џордан и неговата последна шампионска сезона во Чикаго Булс не е совршен. Џордан морал да дава одобрение за емитување на секоја епизода, што значи дека во серијата ги нема сите детали за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, кој тој не сакал да ги видат другите.

Џордан инсистирал и да не го снимаат во неговата куќа на Флорида. Организаторите го снимале во три различни куќи, но ниту една од нив не била негова. Изјавите и коментарите на Џордан, биле снимени во различно опкружување во затворен простор. Џордан бил сниман во три термини, а биле користени три локации.

Џордан живее во градот Јупитер. Неговиот луксузен имот се простира на површина од 8500 метри квадратни. Сместен е во комплекс на голф клуб. Меѓу останатото, во куќата има 11 спални соби и крило претворено во кошаркарски центар со терен и теретана.

„Постојат некои работи за кои Џордан сакал да останат приватни. Едноставно Џордан не сакаше луѓето да ги видат и знаат сите детали за неговиот живот. Тоа го почитував и не инсистирав“, објаснил режисерот на документарецот.4

Една од трите куќи во кои го снимале Џордан била изнајмена на трошок на продукцијата, а преостанатите биле во сопственост на еден пријател на продукцијата.

„Побарав место кое ќе изгледа како и самиот Џордан би можел да живее во него. Знаев како куќата му изгледаше и каков вкус има богат човек како него, па побарав нешто слично“, објаснил режисерот кој сакал да го сними Џордан и во приватен авион, но кошаркарот не му дозволил.

 

Ќе ви се допадне