(Видео) Манекенката Зара Абид загина во авионска несреќа во Пакистан

Манекенката Зара Абид загинала во авионска несреќа во Пакистан, пренесуваат странските медиуми. Како што пишува The Express Tribune, авион од пакистанската авиокомпанија PIA, Airbus A320, со 99 патници и осум членови од екипажот, се срушил во близина на населеното подрачје во пакистанскиот град Карачи.

The Express Tribune пишува дека меѓу патниците наводно била и манекенката Зара Абид, а дека во несреќата имало само тројца преживеани.

 

View this post on Instagram

 

~ learning to let things be, not meant for me #ZaraAbid

A post shared by Zara Abid (@zaraabidofficial) on

„На списокот на преживеани се наоѓаат три лица. Директорот на банката „Пунјаб“, уште еден маж по име Зубаир кој се наоѓа во цивилна болница во Карачи, а третиот преживеан е жена по име Тахира, која во моментов е хоспитализирана во CMH“, изјавила портпаролката на министерството Мирен Јоусуф за The Express Tribunе.

И додека многумина се опростуваат од манекенката на социјалните мрежи, сепак нејзиниот близок пријател Икрам Гохар вели дека таа е преживеана, пренесува Aaj News.

„Зара е жива. Таа е со нас. Ве молам, молете се за неа“, напишал тој на социјалните мрежи.

Гохар објавил информации различни од оние на владата. Според пакистанските медиуми, Зара се враќала од погребот на нејзиниот чичко.

 

Scroll to Top