(Видео) Мараја Кери го најави почетокот на празничната сезона

Со почетокот на ноември службено почна предновогодишната сезона, барем така вели Мараја Кери во видеото со кое се пошегува на своја сметка.

Пејачката објави видео во кое заспива во костим на рок ѕвезда од 80 те за да со отчукување на часовникот на полноќ, на смарт телефон и со звуците од нејзиниот божиќен хит „All I want for Christmas is You“ одговори на повик од Дедо Мраз, облечена во божиќни пижами и радосно го најави почетокот на празничната сезона.
Видетото стана вирален хит на Твитер и преку ноќ собра над 350.000 лајкови.

Класичната божиќна балада на Мараја Кери е една од ретките модерни песни која сè уште се слуша и по 25 години, откако беше објавена на 29 ти октомври 1994. За да го обележи малиот јубилеј, Мараја Кери претходно објави и 15 секундно видео со исечоци од нејзини снимки на кои се санка по снег, додека се слуша песната.
Инаку во меѓувреме не престанува да расте популарноста на песната. Минатиот декември таа се најде на трето место од Билборд Хот 100 листата, која ја направи прва празнична песна во 60 години која успеала да се најде на листата пет најдобри синглови.
Во празничната сезона американската поп икона планира да има пет настапи во Лас Вегас, а потоа планира турнеја по Америка, заклучно со големиот концерт на 15 декември во њујоршкиот Медисон Сквер Гарден.

Scroll to Top