(Видео) Маж среде концерт се обиде да ги нападне Бијонсе и Џеј Зи

Пијан маж се качи на сцената пред крајот на концертот на Бијонсе и Џеј Зи во Атланта и се обиде да ги нападне. Некои од посетителите направија видео од моментот кога музичарите си заминуваат од сцената, а непознатиот маж почнува да трча кон нив.

Први реагирале танчерите на сцената, а потоа и обезбедувањето, па го спречиле мажот да стигне до Бијонсе и Џеј Зи. Полицијата го уапсила, по што констатирале дека за време на инцидентот бил под дејство на алкохол.

Scroll to Top