(Видео) Меган и Хари го покажаа кралското бебе

Војводата и војвотката од Саскес, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл денеска за прв пат го покажаа нивниот во јавност. Хари и Меган со нивниот син се појавија пред големиот број фоторепортери во замокот Виндзор и со тоа го прекршиле кралските правила пишуваат британските медиуми.

„Ова е магичен момент. Ги имам двајцата најдобри момци во мојот живот. Навистина сум среќна. Бебето го има најслаткиот темперамент. Многу е смирен. Ова беа специјални денови за мене“, изјавила Меган.

Бидејќи тоа е првото кралско бебе од мешана раса, многумина беа љубопитни да видат како изгледа момчето и што зел од својата мајка, а што од црвенокосиот Хари.

Сеуште не е познато дали Меган и Хари избрале име за принцот, кој е седми во редот за наследник за кралскиот трон. Синот на Меган е на листата по принцот Хари и неговите братучеди и братучетки, принцот Џорџ, принцезата Шарлот, принцот Луис, неговиот дедо принцот Чарлс и чичко му принцот Вилијам.

Британските медиуми пишуваат дека синот на Хари и Меган ќе има двојно државјанство, американско и британско. Меган се породи во понеделникот во раните утрински часови и на свет донесе здраво машко бебе, тешко 3200 грама.

 

 

 

Scroll to Top