(Видео) Меган ќе го остави Хари како што му направи и на бившиот маж, вели нејзиниот полубрат

Полубратот на американската глумица Меган Маркл, Томас, тврди дека војвотката ќе го напушти Хари исто како што тоа го направила и со нејзиниот прв сопруг, американскиот продуцент Тревор Енгелсон. Тој во австралиското шоу „Големиот брат“, откри дека Хари ѝ бил следната жртва.

„Меган првиот маж само го прегази и го остави. Хари е следниот за стрелање“, рече Томас во новото шоу, во кое постојано зборува за неговата сестра со која не е во најдобри односи. Тој во најавата откри дека планира да ѝ напише и писмо.

За потсетување, Меган е скарана и со нејзиниот татко. Таа и Тревор се венчаа во 2011 година, а нивниот брак траеше само две години. Томас повторно се ожени и правеше свадба само неколку недели по кралската венчавка.

Scroll to Top