Меган Маркл ја објави првата епизода од нејзиниот нов подкаст Confessions of a Female Founder. Нејзин прв гостин беше Витни Волф Херд, сопственичка на платформата Бамбл.
Во подкастот, Меган зборуваше за застрашувачкиот период по една нејзина бременост. Таа откри, имено, дека и таа и Херд имале прееклампсија по породувањето, болест која се карактеризира со висок крвен притисок и зголемена количина на протеини во урината.
„Тоа е многу ретко и многу страшно. Се обидувате да се справите со толку многу работи одеднаш, а светот не знае што се случува. Во таа тишина, сè уште се обидувате да бидете тука за луѓето – главно вашите деца – но работите како оваа се големи медицински стравови“, рече таа.
Меган не откри дали тоа се случило по раѓањето на нејзиниот син Арчи (5) или ќерката Лилибет (3).