(Видео) Меланија Трамп како снежна кралица

Првата дама на САД Меланија Трамп, на синоќешниот бал во Белата Куќа направен за конгресмените, го украла вниманието на сите присутни и поканети гости. Меланија била облечена во бел фустан и многу наликувала како снежна кралица од филмовите.

На подиумот друштво и правеле ќерката на американскиот претседател Иванка Трамп и Карен Пенс со нивните сопрузи. Сепак Меланија со својот избор на имиџ и гардероба ги засенила двете, велат модните критичари.

Тие велат дека нејзината пуштена коса и висока крагна на фустанот од модната куќа Celine и дадле лежерен, но сепак софистициран изглед.

Американските медиуми пренесуваат дека првата дама на Америка, цело време делувала весело и расположено, заедно со нејзиниот сопруг Доналд Трамп, додека ги поздравувале гостите.

Scroll to Top