(Видео) Метју Меконахи ги забавува луѓето во старечки дом во Тексас

Холивудскиот глумец Метју Меконахи се обиде да ги расположи пензионерите од еден старечки дом во Тексас. Тие се во карантин и на воопшто не им е дозволено да се движат, па глумецот со нив одигра неколку партии бинго преку социјалните мрежи. Тој беше и водител на бингото.

„Дали некогаш сте играле виртуелно бинго со Метју Меконахи?“, прашаа од старечкиот дом на нивниот фејсбук-профил.

На Меконахи му се придружи и сопругата Камила, како и мајка му Кеј и две од нивните три деца. Сите тие ги бодреа и ги скандираа броевите и имињата на победниците преку апликацијата „Зум“.

Не е првпат Метју да се вклучи во добротворни активности. Тој во јавноста е познат како голем филантроп.

Scroll to Top