(Видео) Метју Меконахи готвеше за пожарникарите кои го гасеа огнот во Калифорнија

Глумецот Метју Меконахи беше дел од хуманитарната група за помош на луѓето кои беа погодени од пожарите и луѓето кои се бореа со огнот во Калифорнија. Актерот правеше скара и ги нудеше со оброци пожарникарите. Беа направени повеќе од 800 оброци.

Меконахи требало да присуствува на свеченоста во Лос Анџелес, во чест на сите оние кои учествуваа во гаснењето на пожарите минатата година, во подрачјето околу Лос Анџелес и Малибу. Но, со оглед на неодамнешните нови пожари, планот бил променет.

„Кога ја планиравме годинашнава скара во Калифорнија, мојот втор дом, не претпоставивме дека повторно може да се случи вакво нешто. Среќен сум што сум денес тука и благодарен сум на сите оние што помогнаа во оваа хумана акција“, изјавил Меконахи.

 

 

 

Scroll to Top