(Видео) „Ми ставија метални шипки во ‘рбетот, мислев никогаш нема да проодам“: Сајмон Кауел раскажа за повредата на грбот

Mузичкиот магнат и член на жирито на многубројни натпревари, како „Х-фактор“ и „Британија има талент“, Сајмон Кауел, пред неколку месеци имаше несреќа и заврши на операција. Продуцентот дури сега проговори за деталите за несреќата.

Во август лани, додека тестирал нов електричен велосипед, во задниот двор на куќата, во Малибу, Сајмон паднал од велосипедот и итно го однеле на операција на грбот, која траела шест часа.

„Уште еднаш не би можел да издржам ваков хаос и болка како несреќата што ја преживеав, во која ’рбетот го искршив на парчиња“, рече Сајмон за „Дејли стар“.

Голема поддршка и помош за време на закрепнувањето добил од својата сопруга, Лорен Силверман, и од синот Ерик. Сајмон за странските медиуми изјавил дека син му се пошегувал и го нарекол железен човек кога првпат го видел по операцијата со метални шипки во грбот.

„Можеше да биде полошо, можев да останам неподвижен. Знаев дека го скршив грбот веднаш штом се спуштив. Некако одеднаш почувствував силна болка, која, освен што не прекина, сè повеќе и повеќе се зголемуваше“, додаде Кауел.

Сајмон се свртел кон велосипедизмот неколку месеци пред несреќата затоа што токму тоа му помогнало да изгуби речиси 27 килограми. Уживал во карантинот, кој му го смирил неговиот животен стил и го охрабрил да се храни здраво. Следел здрави навики, како појадокот, кој сам си го приготвувал, и вежбал редовно.

Сега продуцентот доби нов велосипед и планира повторно да се врати на спортските активности, а и на ловот на нови таленти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @simoncowell

View this post on Instagram

 

A post shared by @simoncowell

Scroll to Top