(Видео) Мик Шумахер го возеше шампионскиот болид на својот татко Михаил

Мик, синот на легендарниот Формула 1 возач, Михаел Шумахер, вчера пред квалификациите за Големата награда на Германија, го возеше болидот на својот татко на патеката во Хокенхајм. Тоа е истиот болид со кој Михаел ја освои својата последна шампионска титула во 2004 година.

Иако Мик Шумахер веќе неколку години активно се натпреварува, тој првпат го возеше болидот на својот татко. Младиот Германец не крие дека сака дека еден ден да вози во Формула 1, и тоа во тимот на „Ферари“, исто како неговиот татко.

По почесниот круг што го извозе пред квалификациите, новинарите го прашаа Мик за здравствената состојба на неговиот татко. Но 20-годишниот Мик, како и останатите членови на семејството Шумахер, не зборува јавно за Михаел. За потсетување, Михаел Шумахер доживеа несреќа на скијање во 2013 година. Тогаш ја повреди главата и остана пареализиран. По несреќата, во јавноста нема објавено ниту една негова слика, ниту пак семејството зборува за неговата состојба.

Scroll to Top