(Видео) Мишел Обама пееше придружни вокали на концерт на Брус Спрингстин во Барселона

Мишел Обама, поранешната прва дама на Америка, ја изненади публиката на концертот на Брус Спрингстин во Барселона, кога се качи на сцената и со славниот пејач ја отпеа песната „Glory days“.

Брачната двојка Барак и Мишел Обама се забавуваат во Шпанија, а поранешната прва дама дури пееше на сцената на Олимпискиот стадион во Барселона, каде што се одржа концертот на Брус Спрингстин.

Рамо до рамо пееја Спрингстин, Обама и сопругата на режисерот Стивен Спилберг, Кејт Капшо.

Претходниот ден групата била видена како се шета низ познатите улици на каталонската престолнина, а денот го завршиле со вечера во ресторан.

Scroll to Top