(Видео) Нејмар глуми во најпопуларната шпанска серија

Бразилскиот фудбалер Нејмар глуми во две епизоди од моментално најпопуларната шпанска серија La casa de papel („Печатница на пари“). Тој ќе се појави во шестата и осмата епизода од новата, четврта сезона на серијата, што е во продукција на „Нетфликс“. Фудбалерот се пофали на „Твитер“ дека му се остварил сонот.

„Успеав да го остварам мојот сон и да бидам дел од мојата омилена серија. Сега можам да го споделам Жоао со вас“, напиша 27-годишниот Нејмар покрај кусото видео.

„Нетфликс“ претходно ги исече снимките со фудбалерот од серијата, откако тој беше обвинет за силување во својот роден Бразил. Но, откако обвинувањата против Нејмар се отфрлени, продуцентите решија да ги вратат сцените во кои глуми тој.

Scroll to Top