Џастин Тимберлејк бил нападнат од негов обожавател за време на Модната недела во Париз. Додека се движел пред музејот „Лувр“, непознат маж скокнал на земја покрај пејачот, го фатил за нога и не сакал да го пушти.
Тимберлејк и неговата сопругата, актерката Џесика Бил, останале смирени и професионални до крај. Бил не го испуштала својот сопруг од рака. На крајот морало да интервенира обезбедување, по што инцидентот бил расчисен за неколку моменти. Двајцата подоцна се упатиле на модната ревија на Луј Витон.