Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, по четвртипат во кариерата ја освои титулата на Вимблдон.
Големиот успех Ноле го прослави со најблиските. За првпат, синот Стефан го следеше својот татко како го подигнува шампионскиот трофеј.
„Чувството е неверојатно затоа што за првпат во животот имав некој кој вика тато, тато. Тоа мало момче. Те сакам сине најмногу“, изјавил Новак по мечот.
When you spot dad with the trophy 🏆#Wimbledon @DjokerNole pic.twitter.com/POO2uXZWRq
— Wimbledon (@Wimbledon) 15 July 2018
Особено впечатлива беше нивната средба по свечената церемонија.