Музичката драма на шпански јазик на Емилија Перез со Зое Салдана, Селена Гомез и Карла Софија Гаскон ги доби најголемите овации досега на овогодинешниот филмски фестивал во Кан, пишува Variety.
За време на деветминутниот аплауз, Гомез ги бришеше солзите, додека ѕвездите на филмот Салдана и Едгар Рамирез се гушкаа, а режисерот Жак Аудиар мавташе со капата кон балконот.
Selena Gomez receives standing ovation at the Cannes Film Festival following the premiere of ‘EMILIA PEREZ’ pic.twitter.com/ml001PqQnT
— Film Updates (@FilmUpdates) May 18, 2024
Гаскон, кој во филмот глуми водач на нарко картел, исто така доби овации.
„Преквалификувана и потценета, Рита (Зое Салдана) е адвокатка во голема фирма повеќе заинтересирана за ослободување криминалци отколку за правда. Еден ден таа добива неочекуван излез кога водачот на картелот Манитас (Едгар Рамирез) ја ангажира да му помогне да се повлече од својот бизнис и да го реализира планот што тајно го подготвувал со години: да стане жена, за што отсекогаш сонувал“, стои во официјалниот синопсис на филмот.