(Видео) Пијана Адел танцува на шипка во геј клуб во Лондон

By

Британската пејачка Адел во четвртокот била видена како танцува на шипка во еден геј клуб во Лондон. Пејачката беше пијана и ги насмеа сите со нејзиниот танц, а на крајот ја избра и победничката во натпревар во топлес.

dobivaj vesti na viber

Додека беше на сцената гостите и скандираа, а таа ги праша од каде знаат дека е она вистинската Адел. Во разговор за „Вог“, таа рече дека престанала да пие откако почнала пандемијата со коронавирусот. Рече и дека често ја критикуваат кога ќе ја видат поднапиена.

За потсетување, Адел во моментов е во врска со Ричард Пол, агентот на НБА играчот Леброн Џејмс, а во вторникот на доделувањето на наградите Brit Awards се појави со дијамантски прстен на левата рака, па многумина толкуваа дека се свршиле.

Ќе ви се допадне