(Видео) Пике на венчавката на брат му дојде со новата девојка

Поранешниот фудбалер на Барслеона Жерард Пике дојде на венчавката на неговиот брат со новата девојка Клара. Пике кој неодамна беше во Мајами да ги види синовите и Шакира, се врати во Шпанија специјално за свадбата на брат Марко кој се венчаше со девојка му Марија.

Некои од шпанските медиуми пренесоа дека Пике на свадбата ја запросил Клара. Извор близок до нив откри дека венчавката на Марко и Марија ќе биде увертира за следната свадба во семејството.

„Пике и Клара планираат наскоро да се венчаат и внимателно сакаат да го изберат датумот кога ќе објават дека се свршиле“, рече изворот за „Дејли Мејл“.

Пике на свадбата бил елегантно облечен, за разлика од Клара која носела полежерна и поопуштена облека. На свадбата беа и мајката и таткото на Пике. Монсерат Бернабеу носеше гламурозен зелен фустан. На јавноста и е позната по лошиот однос со бившата снаа Шакира.

Тие не се сакаа уште од почетокот на нивната врска. Монсерат ѝ сметаше тоа што Шакира е 10 години постара од син ѝ и што не е од Каталонија, пренесе „Ла Критика“. Се појавија и видеа во кои двете се расправаат јавно на улица. Потоа објаснуваа дека се преправале дека се согласуваат само за децата.

Откако се разделија, Шакира стави на терасата вештерка и ја сврте кон дмот на Монсерат, која живееше одма до неа. Претходно се пишуваше дека таткото на Пике, додека Шакира живеела со нив ѝ барал на пејачката да му плаќа ќирија.

За потсетување, Шакира неодамна се пресели во Мајами со своите деца од Барселона. Претходно имаше долги преговори со Пике за старателството над нејзините синови. Веќе подолго време се шпекулира и дека е во врска со Луис Хамилтон.

Шакира и Пике беа во врска речиси деценија и пол, а наводно се разведоа заради неверство. Се шпекулираше дека Пике ја изневерувал и со Клара која тогаш работела во негова пијар компанија.

Scroll to Top