(Видео) Пике пати по Шакира, продолжи да ѝ ги слуша песните во кола

Фановите го снимија фудбалерот на Барселона, Џерард Пике додека се вракал од тренинг, како во автомобил ги слуша песните на неговата бивша, пејачката Шакира. Тој ја слушал Inevitable.

„Не мораш тоа да го кажеш, нема да се вратиш, те познавам добро“, е само еден од стиховите во оваа песна, па многумина сватија дека фудбалерот пати по својата поранешна партнерка.

@carmonaa.23 Pique escuchando a shakira😱😂#carmonaa23 #paratii #fyp #tiktokindia #bcn #tiktok #tiktoker #tiktokespaña #parati #fcbarcelona #gaeltonto #pique #shakira ♬ sonido original – carmonaa23

Пике и Шакира пред месец дена потврдија дека ќе се разделат. Заедно беа 12 години, а Шакира ги замоли медиумите за почитување на нивната приватност. Тие се заедно од 2011 година, а се запознаа на снимањето на спотот за нејзината песна за Светското првенство Waka Waka претходната година. Иако никогаш не се венчаа, во врската ги добија синовите Милан и Саша.

Дури и пред да објават дека се разделуваат, медиумите шпекулираа дека Пике ја изневерил Шакира. Извори блиски до нив, рекоа дека двајцата неколку месеци жевеат на различни адреси.

За потсетување, бугарските медиуми го поврзаа Пике со девојка од Скопје. Наводно фудбалерот ја изневерил Шакира со моделот и блогерката Драгана Спасовска.

Пике ја изневерил Шакира со мис Бум бум: Тој прв ми пиша, тврди Сузи Кортез

Scroll to Top