(Видео) Пике посрамотен во полн клуб: колегите нарачаа песна од Шакира, а публиката го сканираше името на бившата

Фудбалерот Жерар Пике доживеа јавно понижување. По завршувањето на фудбалската кариера Пике го лансираше проектот „Лига на кралевите“, а како дел од него минатиот викенд во пресрет на новиот турнир организираше и промотивен настан. Пике приреди голема забава во ноќен клуб и во еден момент излегол пред публиката да одржи говор, но потоа доживеал непријатност.

Жерард држеше микрофон во едната рака и чаша во другата, а толпата не му дозволи да го започне говорот, туку скандираше: „Шакира, Шакира“. Поради тоа му било видно непријатно, па погледнал кон подот и неколку пати во микрофонот праша: „Што се случува?“.

Толпата не престанала да скандира, а потоа Пике им се обратил со малку понепријатен тон. Како што може да се види во коментарите на „Твитер“, луѓето тврдат дека поранешниот фудбалер им рекол: „Како и да е, јас сум уште светски шампион, а вие сте никој“.

Скандирањетона неговата бивша не бил единствениот срам за та авечер за Пике. Во еден момент била пуштена песната „Waka Waka“ која ја пее Шакира, снимена во 2010 година како химна на Светското првенство во Јужна Африка.

Шакира и Пике се запознале тогаш и оттаму започнала нивната љубовна приказна, а луѓето кои присуствувале на настанот тврдат дека песната „Waka Waka“ ја побарал поранешниот голман Икер Касиљас, кој е дел од „Лигата на кралевите“, а кој сакал оваа песна до се слуша токму поради нејзината важност за Светското првенство во 2010 година, кога Касиљас беше дел од шпанската репрезентација која тогаш за првпат триумфираше на ова важно натпреварување.

Пејачката Шакира и поранешниот фудбалер Жерар Пике минатата година ги изненадија сите со објавата дека се разделуваат по 12 години врска во која ги добија синовите Милан и Саша. Иако на почетокот само се шпекулираше дека главната причина за нивната разделба е неверството на Пике, набрзо се покажа дека тоа е вистината.

Имено, фудбалерот набрзо објави дека неговата нова избраничка е 12 години помладата Клара Чиа Марти, со која ја изневеруваше пејачката, а светот дополнително го шокираше фактот што неговата мајка цело време знаела за тоа и му помагала на синот да ја сокрие врската со Клара.

Шакира неодамна се отвори за разводот со Пике и откри дека дознала дека тој ја изневерува додека нејзиниот татко бил во болница.

Scroll to Top