(Видео) Пилот епизода од „Беверли Хилс“ со оригиналната постава

Деветнаесет години откако заврши снимањето на една од најпопуларните серии во деведесетите години, „Беверли Хилс 90210“, глумците од оригиналната постава се собраа во студио во Холивуд за прва фотосесија и да го прочитаат сценариото за пилот епизодата.

„Фокс“ објави снимка од нивната средба, на која Бренда (Шенон Доерти), Дона (Тори Спелинг), Кели (Џени Гарт), Брендон (Џејсон Престли), Стив (Ијан Зеринг), Дејвид (Брајан Остин Грин) и Андреа (Габриела Картерис) го читаат сценариото, се смеат, сликаат и се забавуваа. Во серијата од оригиналната екипа единствено ќе го нема Дилан, бидејќи Лук Пери, кој го глумеше овој лик, почина во март од мозочен удар.

„Се разделија пред 19 години, а сега повторно се собраа. Снимањето ќе биде поинтересна сапуница од самите нови продолженија“, стои во известувањето од „Фокс“.

Новите епизоди на популарната серија ќе почнат да се прикажуваат на 7 август, а епизодите ќе бидат инспирирани од животот на самите глумци.

 

Scroll to Top