Меколи Калкин, кој се прослави во 1990-тите со улогата на Кевин Мекалистер во филмовите „Сам дома“, по 15 години повторно ќе има главна улога во филм. 38-годишниот глумец игра во филмот „Земја на промени“ покрај комичарот Сет Грин. Грин и Калкин снимија заеднички филм во 2003 година, Party Monster, но тој не постигна успех кај публиката.
Изминативе години Калкин имаше помали улоги во неколку ТВ-серии и нискобуџетни филмови, кои останаа незабележани од публиката. Откако се стекна со слава како дете-актер, поголемиот дел од животот го помина борејќи се со зависноста од дрога и алкохол, а неколкупати сам се пријавуваше во клиники за рехабилитација.
Новиот филм на Калкин ќе има премиера во Америка на 7 јуни.