(Видео) Појавувањето на Лук Пери во новата „Беверли Хилс“ ги растажи фановите

Новата и долгоочекувана сезона од серијата Beverly Hills донесе поделени мислења помеѓу фановите. Но една сцена побуди емоции кај сите, онаа кога колегите му оддаваат почит на Лук Пери, кој почина во март по мозочен удар, само ден откако беше објавено дека ќе почне снимањето на култната серија.

Додека некои фанови се радуваат што повторно гледаат Beverly Hills, другите се збунети поради тоа што наместо омилените ликови на малите екрани ги гледаат глумците како се глумат самите себе.

Во премиерната епизода фановите ги обедини сцената во која Џени Гарт (Кели) и Тори Спелинг (Дона) гледаат стара епизода од серијата. Дилан и Брендон одат на плажа, а Дилан вели: „Добредојде во рајот пријателе. Добредојде на местото каде што соништата се остваруваат“. Потоа на екранот се појавува пораката „За нашиот пријател Лук Пери (1966 – 2019)“.

Scroll to Top