(Видео) Пред премиерата на 9 декември објавен уште еден трејлер за новата сезона на „Сексот и градот“

По кратката најава што беше објавена претходно во ноември, стриминг-услугата на „Ворнер-медија“ нуди подолг преглед на новото поглавје на хит-серијата „Сексот и градот“, чија премиера е на 9 декември.

Трејлерот за новата сезона And Just Like That („И, едноставно, така“) има сцени што посетуваат на  оригиналната серија, вклучително и раскажувањето на Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер), која со љубов гледа во плакарот полн со скапи чевли, и кадри од актерската екипа, истовремено нагласувајќи ги промените што се случија по 11-те години од вториот игран филм „Сексот и градот“.

Серијата ги открива Кери, Миранда (Синтија Никсон) и Шарлот (Кристин Дејвис) како се движат по патот од комплицираната реалност на животот и пријателството во своте триесетти години до уште покомплицираната реалност во своте педесетти. Ким Катрал не е вклучена во серијата по кавгата со Паркер.

Творецот на „Сексот и градот“, Дарен Стар, исто така не е дел од „И, едноставно, така“. Мајкл Патрик Кинг, кој работеше како „шоуранер“ на оригиналната серија на „Ејч-би-о“ и ги напиша сценаријата и ги режира двата долгометражни филма, повторно е сценарист.

Светските шоу-биз медиуми пишуваат дека новата сезона, всушност, скока 20 години пред оригиналната серија и ги следи ликовите што преземаат ново поглавје додека се движат низ животот и пријателството во своите педесетти години.

And Just Like That пристига на 9 декември, 17 години по финалето на „Сексот и градот“ и 13 години по играниот филм од 2008 година.

Scroll to Top