(Видео) Претседателот на жирито, Спајк Ли, по грешка порано го откри победникот на Канскиот филмски фестивал

Претседателот на жирито на Канскиот филмски фестивал, американскиот режисер Спајк Ли, направи гаф и по грешка уште на почетокот на церемонијата го откри името на победникот.

„Се извинувам што се измешав“, им рече на присутните Ли, откако претходно откри дека главната награда ќе ја добие Јулија Дукорно, за нејзиниот филм „Титан“.

Иако Јулија на почетокот на церемонијата веќе дозна дека е победничка, таа беше емотивна за време на нејзиниот говор.

„Оваа вечер беше совршена затоа што беше несовршена“, рече таа пред присутните.

Јулија е втората жена која ја освои Златната палма и прва која ја освоила самостојно.

Филмот, кој е втор во нејзината кариера, е полн со секс и насилство и зборува за една млада жена која преживеала сообраќајна несреќа како дете, а подоцна во животот станува убиец и негува необична сексуална врска со автомобилите.

Филмот ги сподели критиките и беше опишан како еден од најшокантните и најконтроверзните прикажани на фестивалот на сите времиња.

Втората награда на фестивалот – Гран при ја подели иранскиот оскаровец Асгар Фархади со филмот „Херој“ и финскиот режисер Јухо Куосманен со реализација на Одделот бр. 6.

Кан беше првиот филмски фестивал од почетокот на пандемијата организиран во целост. Минатогодишниот фестивал беше откажан.

Последниот филм што ја освои Златната палма беше јужнокорејскиот Паразит во 2019 година, кој потоа освои дури четири Оскари, вклучително и за најдобар филм кој не е на англиски јазик.

Сепак, на фестивалот годинава имаше многу безбедносни процедури, како што се носење маски за време на проекциите и чести тестови за коронавирусот преку плунка.

Scroll to Top