(Видео) Принцезата Дајана скршила шише од главата на принцот Чарлс

Иако од нејзината смрт поминаа 23. години, деталите од турбулентниот живот на принцезата Дајана, сè уште ги фасцинираат милиони од нејзините обожаватели ширум светот.

На многумина особено им е интересен односот со поранешниот сопруг, 72. годишниот принц Чарлс. Деновиве, на социјалните мрежи, се рашири снимка на која таа го удира со стаклено шише во главата.

Се претпоставува дека снимката настанала во периодот на 80-те години, кога во нивната врска цветале ружи. Двојката била во посета на филмот од циклусот на Џејмс Бонд The Living Daylights, каде се забавувале во друштво на пријатели. Она што следело, никој не го очекувал.

Дајана го удрила во глава Чарлс, со лажно стаклено шише. Еден од нејзините пријатели, претходно и покажал како да го направи тоа. Шишето се скрши, а потоа следеле овации и смеа од присутните. Забавно му беше и на Чарлс

„Колку е слатка, Чарлс не знае каква жена изгуби. Така и му треба. Тогаш беа сладок пар. Се кладам дека неколку години подоцна, посакала шишето да беше вистинско, или да имаше палка“, биле некои од коментарите за споделеното видео.

Scroll to Top