(Видео) Принцот Чарлс е тешко болен, пишуваат британските медиуми

Британскиот принц Чарлс е тешко болен, пишуваат британските медиуми. Папараците за време на неговата посета во Индија забележале дека неговите нозе и раце се потечени.

Засега не е позната здравствената состојба на синот на кралицата, но медиумите пишуваат отечените стапала можат да бидат последица на бројни заболувања меѓу која е и болеста гихт, позната како кралска болест.

„Дејли мејл“ пренесува дека принцот може да е заболен од дијабетис или да има проблеми со срцето. Таквите нарушувања обично се јавуваат кај пациенти кои имаат проблеми со исфрлањето течности од организмот.

Британските таблоиди исто така пишуваат дека отечените нозе на принцот може да се резултат на долго седење или стоење во иста позиција.

Scroll to Top