(Видео) Принцот Чарлс ја наследи кралицата Елизабета Втора

Лидерите на земјите на Комонвелтот  се согласиле принцот Чарлс да ја наследи својата мајка, британската кралица Елизабета II, како лидер на организацијата која опфаќа 54 држави, пренесуваат британските медиуми.

Медиумите пренесуваат дека шефовите на државите членки на Комонвелтот  одржале денеска приватен состанок во дворецот Виндзор и се согласиле принцот Чарлс да биде следниот шеф.

Кралицата Елизабета II ја водела Британија и здружението на нејзините поранешни колонии во текот на 66 години од своето владеење, но таа позиција не е наследна.

Кралицата е шеф на некои држави во Комонвелтот, додека другите се републики.

Британската премиерка Тереза Меј и канадскиот премиер Џастин Трудо соопштиле дека се согласни  принцот Чарлс да го води Комонвелтот.

Scroll to Top