(Видео) Принцот Филип не бил доблесен да ѝ се извини на девојката која ја удрил

By

Ема Феирведер, девојката која била повредена во сообраќајната несреќа што ја предизвикал принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета II, за медиумите изјавила дека е гневна поради неговиот однос.

Таа вели дека принцот не бил доблесен ниту да ѝ се извини по незгодата. Она што посебно ѝ пречи на неа и и на граѓаните во Британија е тоа што принцот само два дена по сударот бил виден како вози без безбедносен појас.

Повеќето граѓани сметаат дека човек во негови години, кој за шест месеци ќе наполни 98 години, не би требало да вози. Ема била во автомобилот што се судрил со возилото со кое управувал Филип.

Таа раскажала дека не можела да престане да вреска по незгодата што се случила во близина на имотот Сандрингхам во Норфолк. Ѝ било речено дека некој ќе ја контактира од палатата, но само стигнала бесмислената порака од полицијата на која пишувало дека кралицата и војводата од Единбург ѝ испраќаат поздрави.

Автомобилот со кој возела Ема бил во сопственост на нејзина пријателка, чие деветмесечно бебе исто така било во возилото. Во моментите на сударот, Ема само имала на ум да викне некого за да го извлече бебето од автомобилот.

 Ема вели дека е среќна што е жива, а во несреќата се здобила само со скршеница на раката. Таа вели дека на принцот Филип му било посветено најголемо внимание на местото на несреќата, додека од нејзиниот автомобил ја извлекувала Викторија Ворн, жената која случајно се нашла на местото на незгодата.

Сведоците велат дека принцот Филип е однесен од местото на несреќата 10 минути подоцна.

„Знам дека кралицата е многу зафатена жена, но бев многу возбудена поради идејата дека би можела да ме повика. Наместо тоа, ме повика полицаец кој беше поврзан со кралското семејство. Пораката што ми ја пренесе немаше смисла. Го сакам кралското семејство, но се чувствувам игнорирани и отфрлено, а тоа многу ме боли. Многу би ми значело ако принцот Филип каже дека му е жал, но сега не знам ни дали воопшто жали за направената несреќа. Дали на него и на кралицата им е тешко да испратат цвеќе со порака?“, прашува Ема.

Медиумите објавиле дека војводата од Единбург наводно бил заслепен од сонцето, па поради тоа ја предизвикал несреќата, но Ема вели дека тој ден било облачно и сиво, а дека таа со пријателката се враќала од плажа.

Таа истакнува дека неа и пријателката од полицијата ја советувале да не зборува за сударот.

 

 

Ќе ви се допадне

ANIMEFLIX: Boruto: Naruto the Movie (Dub) anime episode Full online free at https://animeflix.nl animeflix boruto

Website https://animeheaven.pro: Watch Code Geass: Lelouch of the Rebellion II - Transgression animeheaven Episode Full animeheaven black clover

Watch Mermaid's Scar (Dub) Episode Full

Website https://twistmoe.net: Watch TOHO Cinemas x One Piece Film: Gold - Tokubetsu Eizou twistmoe Episode Full gogoanime

Torgi gov: https://torgi.gov.ru/forum/user/profile/1417113.page

Reedsy: https://reedsy.com/discovery/user/onlinekissanime