(Видео) Принцот Вилијам заспа на миса

Принцот Вилијам заедно со принцот Хари и Меган Маркл вчера присуствувал на миса по повод одбележувањето на Денот на Анзак во Лондон. Камерите во катедралата во еден момент го снимиле принцот како се мачи да остане буден. Во текот на мисата тој неколкупати задремал.

Според „Дејли мејл“, Вилијам бил добро расположен пред да почне церемонијата, но додаваат дека животот со три мали деца сигурно не му е лесен.

Scroll to Top