Салам Реми, продуцентот на пејачката Ејми Вајнхаус, ја сподели последната гласовна порака што таа му ја испратила во сеќавање на пејачката на единаесетгодишнината од нејзината смрт.
Продуцентот на својот Инстаграм профил објави снимка од нејзиниот спот „In my bad“ и гласовна порака што пејачката му ја оставила на мобилниот телефон. Реми на објавата напишал дека Ејму му недостатува.
„Ми недостигаш. Јави ми се, каде си, ајде“, се слуша како вели пејачката пред да почне да пее: „Јави ми се. Ако не ми се јавиш, не знам што ќе правам”
Реми соработуваше со Вајнхаус уште од нејзиниот прв албум „Франк“ од 2003 година.
Вчера се одбележаа единаесетгодишнината од смртта на пејачката.
View this post on Instagram