Даблин беше местото каде вчеравечер и официјално започна турнејата на еден од најпопуларните британски женски бендови Спајс грлс. Но, според пишувањата на медиумите, не поминало се како што и се очекувало, а фановите си заминале разочарани.
По само неколку отпеани песни, на Твитер почнале да се појавуваат лоши коментари, кои се однесувале и на лошиот звук, но и на катастрофалната изведба на девојките, кои турнејата ја почнаа без Викторија Бекам.
Девојките на сцената ги отпеале своите најголеми хитови или барем било најавено дека ќе ги отпеат, но никој не успеал да чуе и разбере што изведуваат бидејќи звукот бил очаен. Голем дел од присутните дури и го напуштил стадионот.