(Видео) Путин се спружи на мразот

Рускиот претседател Владимир Путин даде осум гола на вчерашниот егзибициски натпревар во хокеј, настапувајќи со руските хокејарски ѕвезди. Но, она што  ја насмеа публиката беше неговиот пад по крајот на натпреварот.

Путин играше за екипата Легенди покрај поранешните хокејарски ѕвезди Вјачеслав Слава Фетисов и Павел Буре. Во истата екипа настапи и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој постигна три гола.

Противничкиот тим беше составен од играчи аматери, меѓу кои и пријателот на Путин Генади Тимченко, милијардерот Владимир Потањин и неколку руски гувернери.Натпреварот заврши 14:7, со што екипата на Путин стигна до нова победа на традиционалниот натпревар.

По крајот на натпреварот, додека рускиот претседател ја поздравуваше публиката,  се испружи на земја, што беше доволна причина да се насмее публиката и неговите соиграчи.

Путин стана и низ насмевка продолжи да ја поздравува публиката .

Scroll to Top